Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека смртоносниот напад на станбена зграда во централниот град Дњепар ја истакна потребата од побрзи и подобро координирани одлуки за испорака на оружје во Украина. – Она што се случи во Дњепар покажува дека Русија подготвува нови обиди да преземе иницијатива во војната и покажува дека природата на воената […]
Поранешниот командант на руската паравоена група Вагнер побара азил во Норвешка откако дезертираше од оваа платеничка единица. Андреј Медведев (26) минатиот петок ја преминал границата со Норвешка, каде што бил приведен од граничари. – Тој во моментов се наоѓа во областа на Осло каде што се соочува со обвинение за нелегален влез во земјата, изјави […]
Шест лица, меѓу кои и шестмесечно бебе, неговата мајка-тинејџерка и една постара жена, беа убиени вчера во земјоделска заедница во Централната долина во Северна Калифорнија во, како што рече локалниот шериф, најверојатно испланиран напад на нарко картел. Масакрот се случил околу 3:30 часот изутрина по локално време во и околу резиденција во градот Гошен во […]
Инфраструктурата на Киев може да се урне во секоја секунда, бидејќи спорадичните руски ракетни напади и ниските зимски температури вршат се поголем притисок врз локалните власти, изјави градоначалникот на украинскиот главен град Виталиј Кличко. Тој и неговиот брат Владимир изјавија дека западните сојузници мора да го забрзаат распоредувањето на противвоздушни одбранбени системи способни да соборуваат […]
Руската војска соопшти дека придружувала германски извидувачки авион над Балтичкото Море подалеку од рускиот воздушен простор. Борбениот авион полетал за да го придружува германскиот поморски извидувачки авион Lockheed P-3 C Orion, соопшти Министерството за одбрана во Москва. Авионот на германските вооружени сили, Бундесверот, свртел пред да стигне до рускиот воздушен простор. Рускиот борбен авион Су-27 […]
Велика Британија ја повика Германија да дозволи испраќање тенкови „Леопард“ во Украина, нагласувајќи дека тоа може да ги поттикне другите земји да пружат поддршка и Берлин нема да дејствува сам. „Познато е дека Полска е очигледно многу заинтересирана да донира некои ‘Леопарди’, како и Финска“, изјави британскиот министер за одбрана Бен Вoлас во Парламентот. „Сето […]
Европскиот парламент вечерва ја почна повеќемесечната постапка за одземање на имунитетот од кривично гонење на двајца пратеници кои белгиските истражители сакаат да ги испрашаат за корупциски скандал. Собраниската комисија за правни прашања ќе ги разгледа барањата и ќе побара во рок од еден месец да се донесе заклучок за да може парламентот да гласа на […]
Повеќе од 7.000 цивили се убиени во Украина откако Русија ја нападна соседната земја во февруари минатата година, објави Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права (ОХЦХР). Повеќето регистрирани цивилни жртви се од употребата на експлозивно оружје со широк дострел, вклучително и гранатирање со тешка артилерија, повеќекратни системи на ракетни фрлачи, проектили и […]
Канцеларијата на Белата куќа денеска соопшти дека нема евиденција за посетители на домот на американскиот претседател Џо Бајден во Вилмингтон, Делавер, каде се пронајдени доверливи документи од неговите потпретседателски денови, бидејќи станува збор за приватна резиденција. Републиканскиот претседател на Комисијата за надзор на Претставничкиот дом вчера побарал евиденција за посетителите на домот на Бајден во […]
По неколку години последователен пад, бројот на убиени новинари ширум светот минатата година се искачи на 86, наспроти 55 во 2021 година, што претставува зголемување од 36 отсто, соопшти денеска организацијата на ОН за културно наследство УНЕСКО. Повеќе од половина од убиствата се случиле во Јужна Америка и на Карибите, додека најголем дел новинари биле […]