Русите урнаа цела населба во Мариупол во Украина и градат елитни станови

Руски градежни работници почнаа со целосно демонтирање на населбата Азовија во градот Мариупол, окупирана од Русија, вклучително и неоштетени куќи, за да изградат „елитни“ станови, изјави советникот на градоначалникот Петар Андришченко.

„Напролет московските градежници блиски до руската федерална влада ќе започнат со изградба на „елитни станови од економска класа“ како дел од програмата за недвижнини во Мариупол“, рече Андришенко. Тој не прецизираше од каде ја добил оваа информација.

Двомесечната опсада на Мариупол од страна на Русија ги остави во урнатини повеќето од 450.000 жители на градот во Доњецката област.

Во изминатите неколку месеци, Русија почна да користи булдожери за уривање на уништените станбени згради, што беше критикувано од бројни организации за човекови права, кои сметаат дека овој потег е обид да се прикријат воените злосторства. Се верува дека некои од нив сè уште содржат останки на убиени луѓе.

Во декември, Русија демонтираше дел од Драмскиот театар кој служеше како засолниште за жителите на градот кога Русија го гранатираше на 16 март, при што загинаа до 600 луѓе кои се криеја таму. Андришенко рече дека новите руски уривања ќе остават многу жители без домови.

Фондацијата за борба против корупцијата, управувана од затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални, во декември 2022 година објави дека рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов може да профитира од изградбата во Мариупол. Министерството ги ангажирало истите компании за изградба на куќи во уништениот Мариупол, под контрола на Русија и ги плаќало сметките на Иванов за градежни материјали за неговата приватна вила, пренесе Индекс.хр.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *