Полицијата за борба против тероризмот врши истрага откако на аеродромот „Хитроу“ беше пронајдено извесно количество ураниум, јавија британските медиуми. Граничните служби реагирале на безбедносно предупредување на 29 декември. Контактирана е службата за борба против тероризмот откако е пронајдено мало количество од опасниот материјал. Супстанцата може да се користи за таканаречените „валкани бомби“. Командантот за борба […]
Најмалку шест лица се повредени утринава во Париз во нападот со нож на железничката станица Гар ду Норд, јави француската телевизија БФМ. Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на Твитер објави дека „едно лице повредилo неколкумина на железничката станица Гаре ду Норд во Париз“. Тој додаде дека тоа лице било „неутрализирано“ од полициските сили. […]
Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е запознат со содржината на доверливите документи од времето кога тој беше потпретседател, пронајдени во една од канцелариите што во меѓувреме ги користел. „Бев информиран за откритието и бев изненаден кога дознав дека владините документи се однесени во оваа канцеларија. Но, не знам што има во документите“, […]
По насилните протести во областа Пуно во југоисточниот дел на Перу во кои загинаа најмалку 17 лица, властите воведоа полициски час. Перуанскиот премиер Алберт Отароли сооошти дека полицискиот час од 20:00 до 4:00 часот по локално време ќе биде во сила наредните три дена. Повеќе од 68 лица се повредени во градот Хулиака, местото на […]
Во 2022 година белгиските власти заплениле речиси 110 тони кокаин во пристаништето Антверпен, првото пристаниште за влез во Европа за дрогата од Латинска Америка, соопшти денеска белгиската царина. Првпат е надминат прагот од 100 тони. Минатата година биле запленети точно 109,9 тони кокаин, наспроти 89,5 тони во 2021 година, соопшти царината. Во холандското пристаниште Ротердам, […]
Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја посети Канада во март, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа објавено денеска по билатералната средба меѓу Бајден и канадскиот премиер Џастин Трудо во главниот град на Мексико. На средбата, претседателот рече дека со нетрпение ја очекува неговата посета, соопшти Белата куќа. Ова ќе биде прва […]
Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска престојуваше во ненадејна посета на Харков, во североисточниот дел на Украина. Тоа е прва посета на висок функционер од една западна земја на тој град во близина на руската граница, соопшти германскoтo Министерството за надворешни работи. Бербок пристигна во Харков на покана на нејзиниот украински колега Дмитро Кулеба. […]
Двајца министри од германската Влада денеска ги повикаа властите да ја олеснат примената на правилата кои овозможуваат кривично гонење на луѓето кои земаат храна од контејнери, супермаркети и канти за ѓубре. Министерот за земјоделство Џем Оздемир и министерот за правда Марко Бушман денеска објавија дека им пишале на министрите за правда на 16 германски покраини […]
Иран зад затворени врати осуди белгиски хуманитарен работник на 40 години затвор и 74 удари со камшик под обвинение за шпионажа, јавија денеска државните медиуми. На веб-страницата на иранскиот правосуден систем се наведува дека Револуционерниот суд го осудил 41-годишниот Оливие Вандекасл на 12,5 години затвор за шпионажа, 12,5 години за соработка со непријателски влади и […]
Светската банка денеска ги намали прогнозите за раст за 2023 година на ниво кое е на работ на рецесија за многу земји, наведувајќи го влијанието на засилените зголемувања на каматните стапки, продолжувањето на војната во Украина и колапсот на главните мотори на глобалниот економскиот раст. Глобалниот бруто домашен производ се очекува да порасне за 1,7 […]