Духовниот водач на православните христијани, екуменскиот Патријарх Вартоломеј денеска изјави дека моќната Руска православна црква ја споделува одговорноста за војната во Украина со руското раководство, но и дека е подготвен да помогне во повоената „духовна обнова“ на Русија. Вселенскиот патријарх Вартоломеј со тоа го прекори рускиот патријарх Кирил, чија отворена поддршка за руската инвазија на […]
Стапката на инфлација во Британија скокна на 10,4 отсто во февруари, за првпат по четири месеци, што ги изненади аналитичарите и го зголеми притисокот врз централната банка да ги зголеми каматните стапки веќе на првата претстојна средба. Индексот на потрошувачките цени во февруари порасна на годишно ниво на 10,4 отсто во однос на 10,1 отсто […]
Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска со големо мнозинство го отфрли предлогот за гласање недоверба на левичарската влада на премиерот Педро Санчез, поднесен од крајнодесничарската популчистичка партија Вокс, јави ДПА. Во опозициската партија знаеле дека нивниот предлог нема да помине, но нивниот лидер Сантијаго Абаскал одлучил да се оди на гласање и со тоа го […]
Парламентот на Етиопија денеска го отстрани Народниот фронт за ослободување на Тиграј (ТПЛФ) од листата на терористички групи во земјата. Етиопскиот државен радиодифузен сервис EBC објави дека мнозинството од 547 пратеници во Етиопија гласале за отстранување од листата, само 61 биле против, а петмина биле воздржани. Етиопската влада и ТПЛФ потпишаа мировен договор во Јужна Африка во […]
Заедничката цел на членките на НАТО за одбрана да издвојат најмалку два отсто од Бруто домашниот производ ја исполниле само седум од 30-те земји, а меѓу нив не се најсилните европски економии. Од земјите на Европската унија, таа цел во 2022 година ја исполниле Грција, Полска, Литванија, Летонија и Естонија, покрај САД и Обединетото Кралство. […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети украинските сили во близина на фронтот кај Бахмут и им додели медали на војниците кои, како што рече, храбро го бранат суверенитетот на својата земја. Украинските сили во Бахмут се спротивставуваат на руските напади веќе осум месеци, и покрај големите жртви во една од најкрвавите битки од почетокот […]
На Северна Кореја повторно и се заканува глад, но Пјонгјанг не дозволува претставници на Светската програма за храна на Обединетите нации (ОН) да влезат во земјата, пишува „Економист“. Според севернокорејските медиуми, помошта од ОН е „отровна бонбона“ која ја навредува „националната чест и гордост“. Јужнокорејската агенција за развој на земјоделството проценува дека Северна Кореја минатата година произвела само 4,5 милиони тони […]
Едно лице загина при уривање на четирикатница во Доха, главниот град на Катар, соопштија денеска властите. Според катарското Министерство за внатрешни работи, спасувачите пронашле седуммина преживеани, а лицето кое загинало било во зградата во моментот на уривањето. Надлежните се уште не дале објаснување за уривањето на зградата.
Земјотрес со интензитет од 5,1 степен според Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Иран, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри северно од градот Горган, чие население надминува 350.000 луѓе. Земјотресот бил на длабочина од 7,2 километри. Нема информации за повредени или материјална штета.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска изјави дека нема опасност од „нуклеарна ескалација“ во војната во Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин ја критикуваше Велика Британија поради снабдувањето на украинските сили со тенковска муниција со осиромашен ураниум. Клеверли рече дека Русија е единствената земја која зборува за растечкиот нуклеарен ризик, а муницијата, тврди […]