Чавушоглу и Блинкен разговараа за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека на состанокот со американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговарале за кандидатурата на Шведска за членство во НАТО, како и за намерата на Турција да набави борбени авиони Ф-16.

Двајцата имале неформален разговор во Брисел, каде се одржал и состанок на шефовите на дипломатиите на земјите – членки на НАТО, на кој и посакале добредојде на Финска во тој воен блок.

По разговорот со Блинкен, Чавушоглу истакна дека Шведска треба да преземе дополнителни чекори за Турција да ја ратификува нејзината кандидатура за членство во НАТО.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *