Царинска управа со крводарителска акција за Денот на Царината

Околу 100 единици крв беа донирани од страна на царинските службеници во рамки на овогодинешната крводарителска акција којашто Царинската управа секоја година по повод  Денот на Царината – 14 април ја организира заедно со Црвен крст и Републичкиот завод за трансфузиологија. Крводарителската акција се спроведе во просториите на Царинската управа како и во центрите за трансфузиологија во Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци, Штип и Велес.

„Донирање крв значи спасување нечиј живот. Ние во Царинската управа секојдневно се бориме за безбеден живот како дел од нашите заложби за заштита на општеството и безбедноста на граѓаните. Хуманоста и општествената одговорност се дел од приоритетите на Царината и моралните вредности на царинските службеници.

Во рамки на крводарителска акција организирана по повод Денот на Царината – 14 април, над 100 вработени во Царинската управа донираа крв. Традиционално царинските службеници повторно ја покажаа својата хуманост и грижа за здравјето на граѓаните “, велат од Царинската управа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ