Црна Гора сака да биде дел од вселенските програми на ЕУ

Црногорското Министерство за наука и технолошки развој презеде активности за подготовка на создавање неопходни предуслови за поттикнување на вселенското истражување и развој на сродни технологии, соопшти Владата на Црна Гора.

„Бидејќи вселенските програми на ЕУ сега имаат напредна инфраструктура и соодветно финансирање, фокусот на Црна Гора треба да биде на вмрежување со тимовите на ЕУ кои работат на тие програми, постигнување пристап до инфраструктурата на ЕУ и евентуално учество во еден од проектите“, наведуваат од Владата.

Најавено е дека плановите на Министерството за наука и технолошки развој во наредниот период ќе бидат насочени на создавање база на податоци за надворешни експерти кои се занимаваат со вселенско истражување и развој на вселенски технологии, но и создавање национална база на податоци за поединци и институции заинтересирани за оваа тема во Црна Гора.

Составот на националниот тим ќе го сочинуваат претставници на Кабинетот на премиерот на Црна Гора, Министерството за наука и технолошки развој, Министерството за капитални инвестиции, други релевантни министерства чија улога се смета за значајна, претставници на академската и иновациската заедница, како и претставници од невладиниот сектор и истакнати странски експерти.

Се наведува дека за ангажман на експерти потребно е да се обезбедат дополнителни средства од буџетските резерви. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *