Среда, 25 ноември 2026 среда, 25 ноември Струга 8°C Струга 8°C Пријави вест
Македонија

ЦУК предупредува: Од вечерва се влошува времето, се очекуваат пообилни врнежи од дожд и снег

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 - Македонија
Фото: TV21 - Македонија

Центарот за управување со кризи (ЦУК), повикувајќи се на известувањето на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), предупредува дека претстои облачно и студено време, со врнежи од дожд и снег од вечерва до недела.

Врнежи од дожд се очекуваат во пониските места, додека во повисоките предели ќе има дожд и снег. На планините се очекува само снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.

Според прогнозите, на некои места врнежите ќе бидат пообилни, со над 30 литри дожд на квадратен метар во текот на 24 часа, а во целиот овој период во одредени подрачја количеството може да надмине и 80 литри на квадратен метар.

Поради навлегувањето на студена воздушна маса од север, за време на викендот снежните врнежи ќе ги зафатат и некои од повисоките места. Во Скопје се очекува дожд, кој во повисоките делови на котлината може да премине во снег.

Од почетокот на следната недела времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека утринските температури ќе се спуштат и под нулата.