Дел од Струшките улици затворени утре за „Трка на поезијата“

Поради одржување на спортската манифестација „Трка на поезијата“ утре од 8 до 11 часот ќе бидат затворени за сообраќај дел од улиците „15 Корпус“, „Партизанска“ и „Маркс Енгелс“ во Струга.

Организаторот на манифестацијата, атлетскиот клуб „Спортски мостови“ апелира до стружани и посетителите за почитување на времениот режим на сообраќај.

– Стартот на атлетската трка е од Чаршискиот мост и се движи по улица „Маршал Тито“ до кружен тек пред полициска станица. Се врти по улицата „Маркс Енгелс“ се до кружен тек на улица „Партизанска“. Потоа се движат лево по улицата „Партизанска“ се до ресторан „Матадор“ каде се врти полукружно и се враќаат назад по „Партизанска’, по ист редослед. На кружен тек на улиците „Партизанска“ и „Маркс Енгелс“ преку мостот на Поезијата се до кружен тек кај Женска плажа. Вртат кон улица „15 Корпус“ се до влез на Чаршијата, соопшти огранизаторот.

Упати апел до граѓаните за почитување на насоките од редарите, судиите, волонтерите, сообраќајната полиција и патната сигнализацијата долж целата патека

ОСТАНАТИ ВЕСТИ