Дијаз-Канел доби нов петгодишен претседателски мандат на Куба

Мигел Дијаз-Канел, 63-годишниот претседател на Куба, доби нов петгодишен мандат како прв човек на таа карипска земја, а воедно и последен.

Поддршка за Дијаз-Канел, кандидатот на тамошната Комунистичка партија, изрази кубанското национално собрание, со 97,66 отсто од пратениците.

Дијаз-Канел сега очекува да продолжи со тешката работа во земјата која минува низ веројатно најтешката економска криза во изминатите триесет години, со галопирачка инфлација и растечки бран на емиграција. На сето тоа влијаеше заострувањето на американското ембарго, но и пандемијата и структурната слабост на домашната економија.

Незадоволството на локалното население е поттикнато од се поголемиот недостиг од храна, лекови и многу други основни животни потреби.

Дијаз-Канел ги наследи Фидел и Раул Кастро на чело на Куба и со тоа, по револуцијата, стана првиот лидер на оваа карипска земја надвор од кругот на семејството Кастро.

Инаку, на 20 април Дијаз-Канел го прославува својот 63-ти роденден.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *