Ен-Би-Си: Бајден размислува за турнеја низ Европа за време на годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина

Американскиот претседател Џо Бајден размислува за турнеја низ Европа во февруари по повод годишнината од почетокот на руската инвазија врз Украина, соопшти телевизијата Ен-Би-Си на Твитер.

Според извори од американската влада, Бајден ја истражува можноста за посета на голем број земји, вклучувајќи ја и Полска.

Не е исклучено во истиот период САД да објават нов пакет воена помош за Украина, посочуваат изворите.

Телевизијата не наведе дали има сознанија за тоа американскиот претседател да ја посети и Украина.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

628 Comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *