Нешто повеќе од 6 илјади лица се евакуирани во изминатите 24 часа од 28 населени места во Романија, во окрузите Аргеш, Брашов, Галати и Васлуи поради невремето и опасност од поплави, известува Генералниот инспекторат за вонредни состојби на земјата.
Властите се решија на овој потег како мерка за претпазливост поради загинувањето на седум лица во поплавите во источниот округ Галати пред две недели.
Морскиот и речниот сообраќај е прекинат, а маневрите во пристаништата во Костанца и Тулчеа се привремено прекинати.
Во текот на изминатите 24 часа, оштетени биле 116 населени места во 29 окрузи во Романија. Шефот на Генералниот инспекторат за вонредни состојби, Раед Арафат вели дека ситуацијата е под контрола.
ФОТО: Архива