ФОТО: ДИК го утврди редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

Државната изборна комисија денеска одржа седница на која спроведе ждрепка за редоследот на претседателските кандидати.

На гласачкото ливче за претседателски избори под број еден е кандидатот на СДСМ – Стево Пендаровски. Број два е кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ- Гордана Силјановска-Давкова, број три е кандидатот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски. Под број четири е кандидатот на ДУИ, Бујар Османи, под број пет е Билјана Ванковска-Цветковска, кандидат на Левица. Под број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и под број седум е кандидатот на ЗНАМ – Макисм Димитриевски.

Претседателските избори ќе се одржат на 24 април оваа година, а  вториот круг ќе се одржи на 8 мај заедно со парламентарните избори.

На 4 април на полноќ ќе започне изборната кампања за претседателските избори, а ќе заврши на 22 април на полноќ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ