Во Мркопаљ избувна голем пожар кој целосно ја уништи пиланата, една од најголемите во Хрватска, која работи како дел од компанијата Дрвењача, пишува Торпедо Медиа.
Пожарникарите сè уште се на терен, а меѓу првите интервенираа и припадниците на Јавната противпожарна единица Делница, кои веднаш по избувнувањето на пожарот пристигнаа на местото на настанот.
Пиланата Мркопаљ освен што е позната по големината, произведува и дрвени пелети.
Сè уште не е целосно познат степенот на штетата.
Истрагата за причините за пожарот е во тек, а локалните власти апелираат на претпазливост додека ситуацијата не се стави под контрола, пишува Торпедо Медиа.