ФОТО: Вооружени турски војници распоредени во местата погодени од силниот земјотрес

Припадници на турската војска се распоредени во местата погодени од силниот земјотрес во Турција.

Вооружените војници го чуваат редот во градовите и обезбедуваат објекти, се со цел да не дојде до нереди.

Турските власти објавија дека полицијата уапсила 131 лице кое се осомничени дека успеале да извршат кражби од напуштените згради, а се обиделе да ги ограбат и конвоите со хуманитарна помош кои пристигнуваат во погодените места.

Потпретседателот на Турција доцна синоќа изјави дека во силниот земјотрес животот досега го загубиле над 24.600 лица. Заедно со жртвите од Сирија, која исто така беше погодена од земјотресот, бројот на загинати се искачи над 28.000.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *