Голем пожар во Хамбург, градот се гуши во чад (ВИДЕО)

Огромен пожар изби во германскиот град Хамбург, а облак полн со хемикалии се шири низ градот.

Се запали камионска постојка, утрово околу 4:30 часот, во Хамбург. Огнот забрзано се шири, а полицијата ги предупреди жителите дека во правец на градот се движи силен чад. На местото на пожарот наводно истекува водород сулфид. Како што пишуваат германските медиуми изгорена е целата станица, а пожарникарите на местото на пожарот можат да пристапат само со маски. Во околината се уште одекнуваат детонации. Граѓаните од населбата Ротенбургсорт добија официјална препорака да ги затворат прозорците и вратите бидејќи може да бидат погодени од димни гасови и хемиски соединенија во воздухот. Затворен е и патот во околината на градот во двата правци за да можат пожарникарите да бидат поефикасни во гаснењето на пожарот.

Big fire near Rothenburgsort Hamburg Germany pic.twitter.com/UnhC4QDVCs

— h (@hcarthyc_) April 9, 2023

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *