На 22.05.2023 во 03.24 минути било пријавено дека во с.Лабуништа, струшко, се врши кражба во трафика.
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Лабуништа излегле на местото, по што лицата со нивното возило, бегајќи, удриле во службеното полициско возило „дачиа“ и го напуштиле местото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.