Градоначалникот Рамис Мерко денес го пречека во официјална посета Австрискиот амбасадор

Градоначалникот Рамис Мерко денес го пречека во официјална посета Австрискиот амбасадор во Северна Македонија, Георг Вуцас.

На средбата градоначалникот Мерко и Амбасадорот Вуцас разговараа за моменталните политики и случувања во земјава, Преспа Форум Дијалогот, Отворен Балкан, но и теми кои се однесуваат на Струга.

Двете страни се сложија дека е потребно продлабочување на соработката на Општина Струга со Амбасадата на Австрија во Северна Македонија, како и заедничка имплементација на проекти од заеднички интерес.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ