Палестинското движење Хамас зароби повеќе од 35 израелски војници и доселеници, објавија израелските медиуми цитирани од Ал Арабија кои известуваат за ракетни напади и упад на борците на Хамас во населбите на југот на Израел.
Според израелската телевизија Решет 13, палестинските екстремисти држат заложници во Офаким, на југот на Израел, пренесува Ројтерс, пренесува Танјуг.