Исламска држава ја презеде одговорноста за убиството на гувернерот на авганистанската провинција Балх

Екстремистичката вооружена група Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад во кој загина гувернерот на авганистанската провинција Балх, Дауд Музмал и уште две лица во неговата канцеларија.

Регионалниот огранок на ИД во провинцијата Хорасан е најголемиот ривал на талибанците и го зголеми интензитетот на нивните напади откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во август 2021 година.

Уште четири лица се повредени во експлозијата во канцеларијата на гувернерот во Мазар-е-Шариф, соопшти локалната полиција.

Одговорноста за нападот синоќа ја презеде ИД, наведувајќи дека напаѓачот е Абдул Хак ал-Корашани.

Музмал е еден од највисоките талибански функционери кој е убиен откако ја презедоа власта во средината на август 2021 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *