Измерени пеколни температури во 14 часот

Македонија речиси 3 недели живее со температури кои не се својствени за овој период од годината..Од Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР) ги измерија температурите во 14 часот на целата територија на Македонија.

“Најладно“ било во Попова Шапка со температура од 23 степени додека во Гевгелија температурата се искачила до 41 степен.

Веднаш после Шапка се Лазарополе, Маврови Анови и Крушево со речиси 31 степен. Од местата каде температурата се искачи до 40-тиот степен се Виница, Дојран, Демир Капија, Велес и Скопје.

Прогнозата е дека и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C и до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ