Кај Тунис потона брод со мигранти, најмалку 20 лица се водат како исчезнати

Најмалку 20 мигранти се водат како исчезнати откако нивниот брод денеска потона во близина на брегот на Тунис.

Крајбрежната стража спасила 17 лица, од кои двајца се во критична состојба, изјави судијата од тунискиот крајбрежен град Сфакс, Фаузи Масмуди.

Мигрантите се обиделе да стигнат до Италија со брод преку Средоземното Море.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *