Среда, 18 ноември 2026 среда, 18 ноември Струга 16°C Струга 16°C Пријави вест
Свет

Кина затвора училишта поради тајфунот Рагаса, властите со предупредување: „Останете дома“

Објавено: · 1 мин читање
Кина затвора училишта поради тајфунот Рагаса, властите со предупредување: „Останете дома“

Кинеските власти објавија прекин на работата, училиштата и сообраќајот во Шенжен и десетина поголеми јужни градови поради приближувањето на тајфунот Рагасa.

Се очекува тајфунот да „предизвика сериозни последици, со ветер, дожд, бранови и поплави од вторник навечер“, напишаа градските власти на Шенжен во соопштение на социјалните мрежи. 

„Освен спасувачите и оние кои обезбедуваат основни услуги, од населението се бара да не ги напушта своите домови освен ако не е неопходно“, се додава во соопштението.

Десетици милиони луѓе живеат во областа што ќе биде погодена од тајфунот.