Кралот Чарлс го покани Бајден во посета на Британија, американскиот претседател прифати

Британскиот крал Чарлс Трети го покани американскиот претседател Џо Бајден да го посети Обединетото Кралство, а претседателот Бајден ја прифати поканата, соопшти Белата куќа.

Поканата е упатена за време на разговор меѓу Бајден и Чарлс Трети, при што американскиот претседател го информирал британскиот крал дека првата дама на САД би сакала да присуствува на неговото крунисување во мај.

Вообичаено, американските претседатели не присуствуваат на церемониите за крунисување на британските монарси.

– Претседателот Бајден рече дека ја цени поканата од кралот Чарлс и со нетрпение ја очекува државната посета, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на прес-конференција, додавајќи дека во моментов нема прецизна временска рамка за посетата, иако таа ќе се случи „во блиска иднина“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *