Куба се соочува со недостиг на горива

Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин.

Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“.

Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 до 600 тони дневно.

Сè уште немаме јасна претстава за тоа како ќе ја надминеме оваа ситуација, посочи Диаз-Канел.

Граѓаните со часови чекаат да наполнат бензин, а од недостигот на гориво погодени се и таксистите, туристите и јавните превозници.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *