Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес во своето обраќање пред Бундестагот изјави дека Европската Унија мора порешително и поуникатно да ги користи своите капацитети на меѓународната сцена и дека Германија треба да преземе водечка улога во ова.
Зборувајќи пред пратениците во пресрет на самитот на лидерите на ЕУ закажан за 23 октомври во Брисел, Мерц ја нагласи важноста од зајакнување на европската економска и одбранбена соработка, како одговор на надворешните закани и опасноста од економски пад, пренесува Дојче Веле.
„Политичките дејствија го менуваат светот, на подобро и на полошо“, рече Мерц, осврнувајќи се на неодамна постигнатото примирје на Блискиот Исток, додавајќи дека настаните од изминатата недела треба да се сметаат за лекција, и за Германија и за целата Европска Унија.
Мерц: ЕУ мора порешително да ја искористи својата моќ, Германија мора да ја преземе водечката улога
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft