Оптимизам за туризмот во Грција, како за оваа, така и за следните години, изразил грчкиот премиер Кријакос Мицотакис за време на работниот состанок со извршниот комитет на Грчката конфедерација за туризам (СЕТЕ) по повод почетокот на туристичката сезона, јави дописничката на МИА од Атина.

-Верувам дека веќе ја постигнавме нашата централна цел, која е проширување на туристичката сезона, за Грција да не биде исклучиво дестинација која нашите посетители ја претпочитаат само во летните месеци, истакнал грчкиот премиер на почетокот на состанокот.

Потенцирал и дека „приходите во државниот буџет, кои доаѓаат од туризмот, ги надминаа првичните цели поставени од Министерството за финансии“.

Се осврнал и на двата главни политички приоритети на Владата, односно на одржливоста на туристичкиот производ и на работниците во туризмот.

Дополнително изразил целосна убеденост дека изборите на 21 мај „нема да го нарушат непречениот тек на туристичката сезона“.

На состанокот, како што информираат од кабинетот на Мицотакис, биле разгледани податоците за првите месеци од 2023 година, како и за поставените цели за годинава и било посочено дека патничкиот сообраќај на аеродромите во Грција е зголемен за 64,4 отсто во однос на првите два месеци од 2022 година и за 2,5 проценти во однос на 2019 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *