Министерот Бектеши се сретна со новоименуваниот австриски амбасадорПамер:Има голем простор за зголемување на економската соработка помеѓуСеверна Македонија и Австрија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со
новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Mакедонија,
Мартин Памер.

Министерот Бектеши му посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот
Памер, како и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката помеѓу
двете земји.

На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна
Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива.
Во последните 20 години Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во
Северна Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во
економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена.
Вкупната трговска размена во периодот јануари – август 2023 година изнесува 170
милиони евра , што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период
минатата година.

Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласија дека согласно
податоците, има голем простор за зајакнување на економската соработка меѓу
двете земји.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ