МВР заплени два тони мобилни телефони за продажба на црниот пазар

Министерството за внатрешни работи на подрачјето на Скопје синоќа запленила мобилни телефони во вкупна маса од два тони.

Според неофицијални информации, станува збор за околу 5.000 примероци и вкупната вредност би можела да достигне до 5 милиони евра, додека пак застапени се модели iPhone и Samsung.

Засега не е познато каде е направена заплената и кој ги донел овие телефони во Македонија, а она што е познато е тоа дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител и кај мобилната Царина.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ