На македонскиот пазар нема небезбедни минерални води и газирани пијалоци, уверуваат од АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни  – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, АХВ ја следи состојбата со случаите на труење со газирани пијалаци и минерална вода во Република Хрватска, информираа од Агенцијата.

Зајакнати се инспекциските контроли при увоз на храна од оваа земја и доколку се јави потреба, навреме ќе бидат преземени потребните мерки за заштита на граѓаните и од овој тип небезбедни производи.

Неколку лица завршија во болница во Хрватска поради сомневање за труење со газирани пијалаци. Засега е потврдено дека само два случаи се поврзани со консумирање газирани пијалаци, еден во Загреб и еден во Риека.

Според пишувањата во хрватските медиуми денеска има шест нови сомнителни случаи, но никој не е хоспитализиран.

Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ) добил мостри од безалкохолни пијалаци кои биле доставени од Санитарната инспекција по извршениот увид во кафуле во Риека, каде што неодамна му се слошило на едно лице, а резултатите од анализата ќе бидат доставени до Државниот инспекторат.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ