Над 25.000 животи загубени во земјотресот кој ги погоди Турција и Сирија

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија во понеделникот надмина 25.000, покажуваат податоците од двете земји.

Земјотресите со епицентар во Кахраманмарас беа трипати посилни и поразорни од претходната, најголемата катастрофа во 1999 година, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган при посетата на Дијарбекир, пренесува Анадолија.

Земјотресот окарактеризиран како „катастрофа на векот“ е почувствуван на површина од илјада километри, а, како што рече Ердоган, предизвикал уништување на површина од 500 километри.

Ердоган изјави дека бројот на загинати во неговата земја се искачи на 21.848, а повредени се 80.104 лица, јавува Анадолија.

Гардијан наведува, повикувајќи се на АФП, дека во Сирија загинале 3.553 лица.

Со тоа вкупниот број на жртви од земјотресот во двете земји достигна над 25.400.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *