Најмалку 12 лица загинаа во катастрофалните поплави во Тајланд

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 100.000 домаќинства се погодени од поплавите што погодија 16 провинции во Тајланд во текот на изминатата недела.

Поплавите се предизвикани од неколкудневните обилни дождови и бури, соопшти Министерството за внатрешни работи, објави Ројтерс.

Провинцијата Утарадит на северот од земјата беше најтешко погодена , каде што загинаа пет лица.

„Водата брзо се креваше, моравме да се искачиме на покривот, но покривот почна да се урива и моравме да бегаме.“, изјави еден жител.

Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул нареди итна реакција и рече дека властите работат на доставување помош и проценка на штетите, додека се подготвуваат за нови монсунски дождови.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ