Најмалку 12 загинати во земјотресот во Еквадор

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, соопштија официјални лица.
Американскиот сеизмолошки институт УСГС соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени.

„Во овој момент имаме 12 мртви“ и едно лице повредено, објави на Твитер претседателството на Еквадор, наведувајќи дека земјотресот предизвикал и материјална штета.

Земјотресот се случи во саботата во 12.12 часот по локално време, со епицентар во општина Балао и на длабочина од 44 километри.

Најпогоден е градот Куенка.

Земјотресот ја погоди и соседната држава Перу, но нема информации за жртви или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ