Налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари

Налепниците ќе можат да се набават во станиците за технички преглед

Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед.

Од Министерството за внатрешни работи појаснуваат дека согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

„Согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците“, информираа од МВР.

Обврската за користење на кодот НМК наместо МК на регистарските таблички на возилата во државава произлезе од одредбите на Преспанскиот договор со Грција.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ