Не ни гледале како им се руши домот – млад пар трчал без престан до болницата каде биле во инкубатор нивните новородени близнаци, од тоа што ги чекало останале здрвени (ВИДЕО)

Илјадници луѓе ги загубија животите во земјотресите во Турција и Сирија, но многумина и добија нова шанса за живот.

Меѓу нив се и 104 бебиња кои се родиле по страотните земјотреси минатата недела во Турција и Сирија.

Од вкупно 342 трудници кои се спасиле и се на лекување, до денес се породиле 104, а во инкубаторите во овие моменти во болницата во Мерсин се и близнаците на парот Хаџиоглулари.

Тие раскажуваат како нивниот дом се срушил пред нивните очи додека новородените близнаци биле во болницата во инкубатор.

Веднаш се упатиле кон болницата, а кога ја виделе дека буквално е среушена целосно ќе се онесвестеле…

„Ги спасивме нашите деца и ни дадоа боца со кислород, беше критично. Фала му на Бога сега моите деца се добри“, изјавил таткото за турските медиуми.

Вели дека не знае како се спасиле, а во истата секунда им текнало на нивните близнаци иако домот им се рушел пред очите.



ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *