Одделението за прекуграничен криминал и илегална миграција при РЦ за ГР Запад -Охрид на Граничниот премин Ќафасан денеска (29.12.) реализираше превентивна активност под мотото „Петарди НЕ , безбедноста пред се“.
Од страна на полициските службеници, покрај практичните сугестии за задолжителна внимателност при возење и одмор, во непосредна комуникација возачите и патниците беше укажувано за опасностите и сериозните последици од незаконската употреба на петарди и други пиротехнички средства, кои содржат експолозив и можат да предизвикаат тешки и трајни повреди и последици по здравјето. Истовремено полициските службеници ги предочија и законските казнени мерки со кои може да се соочат граѓаните околу недозволеното поседување и употребување на пиротехнички средства и петарди.