Во двата разорни земјотреси кои се случија на 6 февруари во Турција и Сирија загинаа повеќе од 35 илјади луѓе, а во двете земји над 10 илјади луѓе се повредени.
Повеќе илјади објекти се срамнети со земја, а спасувачките екипи од целиот свет и понатаму деноноќно трагаат по преживеаните под рушевините.
Kahramanmaraş’ta depremde hasar gören yol #Breaking #Earthquake #Deprem #Sismo #Kahramanmaraş @LastQuake pic.twitter.com/VfEf3sbpNN
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) February 12, 2023
Секојдневните фотографии од урнатите згради, куќи, болници и споменици се доказ за хоророт кој се случува во двете земји, особено турските медиуми денеска известуваат за стравична глетка на патот кој води кон Кахраманмараш кој повеќе не постои.
Road after earthquake #Türkiye #Earthquake #Deprem #Sismo #Kahramanmaraş @LastQuake pic.twitter.com/6ki4WzJJd9
— 𝐉𝐨𝐮𝐫𝐧𝐚𝐥𝐢𝐬𝐭 (@HamdiCelikbas) February 13, 2023
Во прашање е патот кон селото Косели кај Пазарџик кој е целосно оштетен по земјотресот и невозможно е да се помине низ него.