Писмо со предупредување за можен напад овој викенд е откриено во катедралата Нотр Дам во Париз, а по темелна проверка на катедралата, таа е повторно отворена за јавноста, потврдија полициски извори за телевизијата BFM денес.
Според полициски извор, во анонимното писмо што црковниот службеник го пронашол во близина на свеќите вчера околу 16:00 часот, се наведува дека ножевите биле скриени во катедралата, за да можат напаѓачите да извршат „колење“.
„Ќе предизвикаат крвопролевање, ве молиме не ја отворајте катедралата“, се вели во писмото.
Нотр Дам во Париз: Во катедралата е откриено писмо со предупредување за напад
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft