Четврток, 12 ноември 2026 четврток, 12 ноември Струга 19°C Струга 19°C Пријави вест
Свет

Нови дојави за бомби во училиштата низ Италија

Објавено: · 1 мин читање
Фото: TV21 — Свет
Фото: TV21 — Свет

Неколку училишта во Италија денеска биле евакуирани откако преку електронска пошта добиле дојави за поставени бомби. Станува збор за пораки слични на лажните закани што претходниот ден биле испратени до училишта низ целата земја, јавуваат италијанските медиуми.

Нови дојави за поставени бомби пристигнале во училишта во повеќе региони на Италија, од Венето и Лигурија до Умбрија, Лацио и Сицилија, пренесува агенцијата Анса.

Во дел од образовните установи проверките сè уште се во тек, објавуваат италијанските медиуми.

Извор: TV21 — Свет