Нови протести во Франција поради законот за реформа на пензискиот систем

Франција денеска се соочи со нов бран протести и штрајкови во повеќе градови земјата, по неуспешниот состанок меѓу француската премиерка Елизабет Борн и синдикатите околу нацрт-законот за пензиските реформи со кои се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.

Демонстрантите започнаа протестен марш во Париз, а полицијата употреби солзавец двапати на протестите во Лион и еднаш во Нант, јавуваат новинарите на BFMTV.

Синдикатите кои повикаа на демонстрации очекуваат стотици илјадници учесници на денешните протести.

Вчерашниот разговор на Борн со синдикатите траеше цел час, но не го донесе посакуваното решение.

Синдикатите велат дека единствен излез од кризата е повлекување на законот, што претседателот на француската влада цврсто го отфрли како можност.

– Нема друго решение освен повлекување на реформата, рече лидерката на синдикатот ЦГТ, Софи Бине на почетокот на протестот во Париз.

Лоран Берже, лидерот на најголемиот синдикат во земјата Се-Еф-Де-Те (CFDT) повика што е можно повеќе работници да се приклучат на маршовите низ Франција, кои ќе се одржат утре.

„Ние сме во социјална криза, демократска криза“, изјави Берже за радиото РТЛ.

Претходните демонстрации на 28 март имаа помал одѕив, при што околу 740.000 луѓе протестираа низ целата земја, според Министерството за внатрешни работи, во споредба со рекордните 1,28 милиони на 7 март.

Парискиот јавен транспортен оператор РАТП предвидува дека сообраќајот денеска ќе се одвива речиси нормално.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *