ОХЦХР: Речиси 8.500 цивили загинаа при руската инвазија врз Украина

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР) денеска објави дека евидентирала 8.490 загинати и 14.244 повредени цивили од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година до 9 април 2023 година.
ОХЦХР стравува дека бројката на жртвите е многу поголема поради ограничениот пристап до воените зони.

Поголемиот број смртните случаи се регистрирани на територијата контролирана од украинската влада, при што се вклучени и 3.927 лица од регионите Доњецк и Луганск.

– ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, имајќи предвид дека е одложено добивањето информации од некои локации, каде што продолжуваат интензивните конфликти, а многу извештаи допрва треба да се потврдат, се наведува во соопштението на Канцеларијата.

Истражно тело под мандат на ОН минатиот месец откри дека руските сили извршиле „недискриминирачки и непропорционални“ напади врз Украина.

Русија негира дека намерно гаѓала цивили или дека нејзините сили се одговорни за злосторствата.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *