Папа Лав XIV: Храната не смее да биде оружје – потребна е политичка волја за искоренување на гладот

Папата Лав XIV на церемонијата по повод Светскиот ден на храната во Рим ја критикуваше употребата на храната како средство за војна и ги повика светските лидери на вистинска политичка решителност за постигнување на целта за нула глад до 2030 година, како што е наведено во Агендата на Обединетите нации.
„Актуелните конфликти повторно доведоа до тоа храната да се користи како оружје“, рече папата во својот говор во седиштето на ФАО (Организација за храна и земјоделство на Обединетите нации), објави Анса.
Тој предупреди дека постои опаѓачки меѓународен консензус дека намерното гладување и негирањето на пристапот до храна треба да се третираат како воени злосторства.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ