Папата Франциск излезе од болницата Гемели во Рим

Папата Франциск денеска ја напушти болницата Гемели во Рим, каде неколку дена беше лекуван од инфективен бронхитис.

-Сè уште сум жив“, се пошегува папата (86) на излегување од болницата.

Ватикан вчера потврди дека папата Франциск ќе ја напушти болницата денеска и дека утре планира да ја предводи мисата за верскиот празник Цветници, на плоштадот Свети Петар.

Светиот Отец пред три дена беше примен во римската болница каде прими антибиотска терапија.

Папата, кој има повеќе здравствени проблеми, беше примен во болница поради проблеми со дишењето.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *