Пентагон: Очигледното протекување тајни американски документи претставува „сериозен“ безбедносен ризик

Очигледното протекување американски разузнавачки документи претставува „многу сериозен“ ризик за националната безбедност на САД, соопшти Пентагон.

– Документите што кружат на интернет претставуваат „многу сериозен ризик за националната безбедност и имаат потенцијал да шират дезинформации“, изјави денеска Крис Мегер, помошник на секретарот за одбрана за јавни работи.

Украина промени дел од своите воени планови по објавувањето на строго доверливи документи на Пентагон, објави извор близок до украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави Си-Ен-Ен.

Протекоа 53 документи кои содржат информации за периодот од средината на февруари до почетокот на март.

Еден од документите открива дека САД го шпионирале Зеленски, пренесува Си-Ен-Ен.

Според изворот, „ова не е изненадувачки“, но украинските власти се длабоко разочарани од протекувањето.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *