Петта година секоја вечер се дели ифтар – 500 оброци на ден за семејствата на кои им е најпотребно

Продолжува традицијата на делење ифтари на местото познато како Берза во Кичево.

Секој ден се подготвуваат по 500 порции и им се даваат на оние на кои им е најпотребно.

Храната ја купуваат донатори а подготовката и пратката ја вршат доброволци кои помагаат секојдневно.

„Да, кај 20-25 сме, се менува бројката.“

Ова е најмладиот доброволец кого го сретнавме. Се вика Сами и помагаше во пакување на храната.

„Ја подготвувам за таму“.

Ифтари не им се делат само на домашните туку и на овие 4 работници од Бангладеш кои работат во Кичево.

Активистот Бурим Сејдини вели дека бројот на донатори и доброволци секоја година расте дури и без никаков апел.

„Групата кај Берза, активистите се истите, но секоја година имаме се повеќе, се зголемува бројот на активисти, на донатори, сите сакаат да бидат дел од ифтарот кај Берза и на некој начин стана модел во Кичево но и пошироко и среќни сме што сме пример за нешто добро“, додаде Бурим Сејдини.

Кичевци со љубов ја работат оваа работа, затоа организаторите велат дека традицијата ќе продолжи.

„На некој начин, сите кичевци чувствуваат како обврска да дадат ифтар на Берза и самите да се уверат дека ифтарите се делат на оние на кои им е потребно и се залагаме да направиме повеќе за децата без родители и оние на кои навистина им е потребно“, вели Бурим Сејдини.

Покрај ифтарите кај Берза, активистите доставуваат ифтари и во населбите и селата каде што има потреба, па дури и испраќаат пакети со храна за некои семејства на кои им е потребно.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ