Почеток на градежните работи за Јуроп Хаус во Струга

Во Паркот на поезијата во Струга, евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко ќе учествуваат на церемонија на потпишување на официјалниот почеток на градежните работи за Јуроп Хаус во Струга. 

Новата канцеларија на Јуроп Хаус – „местото на новата генерација“ ќе биде во Паркот на поезијата во Струга со површина од 119 метри квадратни. Работите ќе се одвиваат во период од четири месеци, а отворањето, како што е најавено, се очекува да се случи пред крајот на 2023 година.

Активностите на Јуроп Хаус Струга ќе бидат насочени кон учесници од Југозападниот регион, што ќе придонесе за нивен подобар ангажман и активизам.

Јуроп Хаус Струга ќе се приклучи на мрежата на канцеларии што Делегацијата на Европската Унија ги отвора низ целата земја од 2019 година. Во моментов работат четири канцеларии и тоаво Скопје, Крива Паланка, Струмица и во Битола. Петтата канцеларија ќе биде во Велес, а официјалното отворање, како што е најавено, е планирано до крајот на овој месец.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ