Почна оддавањето почит на папата Бенедикт, илјадници луѓе во Ватикан

Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата.

Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

Вратите на базиликата денеска ќе бидат отворени за јавноста од 9 до 19 часот, a утре и задутре од 7 до 19 часот. (МИА)

 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *