Политико: Земјите од Европската Унија не можат да се договорат каде да купат муниција за Киев

Земјите од Европската Унија се договорија да купат огромно количество муниција за Украина, но се уште не можат да одлучат од кого ќе ја добијат, објави „Политико“ повикувајќи се на свои извори.

Како што се наведува, останува прашањето дали договорите за набавка на муниција за Киев ќе се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ или тие ќе бидат отворени и за производители од други земји.

Според дипломатите на кои се повикува весникот, Париз се залага договорите за набавка на муниција за Украина да се склучуваат исклучиво со компании од ЕУ. Грција и Кипар ја поддржуваат Франција, што, како што се посочува, е поврзано со желбата да се избегне склучување договор со турските производители на оружје.

Како што е наведено, Европската комисија исто така треба да ги „мапира капацитетите“ на одбранбената индустрија на блокот пред да го финализира договорот бидејќи постојат стравувања дека таа нема капацитет брзо да ја произведе потребната количина муниција.

Извори на весникот од дипломатски кругови истакнуваат дека и покрај несогласувањата, амбасадорите на земјите од ЕУ се договориле да достават голема количина муниција во Киев. Официјалниот текст на договорот се очекува да биде објавен следната недела.

Лидерите на земјите-членки на ЕУ на Самитот на 23 и 24 март ја поддржаа идејата за испорака на милион артилериски гранати на Украина во следната година. Планирано е тоа да се реализира со испорака на муниција од европските магацини, преку заеднички нарачки и набавки, како и со зголемување на военото производство на ЕУ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *