Поради насилничко однесување, оставка поднесе британскиот вицепремиер Рааб

Британскиот вицепремиер и министер за правосудство Доминик Рааб во петокот поднесе оставка по независната истрага спроведена против него поради насилничко однесување.

Во писмото до премиерот Риши Сунак објавено на Twitter, Рааб наведува дека и натаму ја поддржува владата.

„Јас самиот ја побарав таа истрага и се обврзав да поднесам оставка доколку се утврди дека имало насилничко однесување, без разлика какво. Важно е да си го одржам зборот“, напиша.

Истрагата беше покрената откако беа поднесени осум поплаки за неговото однесување додека беше министер за надворешни работи, секретар за Брегзит и конечно министер за правосудство.

Во писмото Рааб го оправдува својот однос кон службениците, велејќи дека министерот има право да бара одговорност од своите соработници за нивната работа, пишува BBC.

Додава дека мноштвото коментари покажале како се развила дебатата за тоа дали Доминик Рааб е едноставно крут и тежок шеф или дали неговото однесување ја преминало границата во доменот на малтретирањето.

„Со спуштање на летвата толку ниско за однесување кое се смета за насилно, се поставува опасен преседан“, напиша Рааб и додава дека министрите мора да имаат право на директен надзор над она што го прават нивните колегиј.

„Во спротивно, демократскиот и уставниот принцип на министерска одговорност повеќе нема да постои“, напиша.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *