Потрагата по уште четворица патници од авионот АТР-72 на „Џети ерлајнс“, кој денеска се урна во ридовите на Непал, ќе продолжи утре, јавија светските агенции.
Потрагата е прекината поради стемнување, а досега е потврдено дека загинале 68 лица, од 72 кои биле во авионот. Патничкиот авион на „Џети ерлајнс“, кој летал од главниот град Катманду до Похара се урна непосредно пред да слета на новиот аеродром во туристичкиот град.
„Џети ерлајнс“ ги откажа сите летови закажани за утре.
Ова е најтешката авионска несреќа во Непал од 1992 година, кога авионот „Ербас А300“ на „Пакистан интернешнел ерлајнс“ се урна во планините на Непал на летот за Катманду, при што загинаа сите 167 луѓе во него.
„Џети Ерлајнс“ има флота од шест авиони ATR-72, според нејзината веб-страница, и се опишува како водечка авиокомпанија во Непал. (МИА)